Viktorija Mitreska

Викторија Митреска

По шест години поминати на различни позиции во меѓународни банкарски групации присутни на македонскиот финансиски пазар, во 2006-та година добив прилика да раководам со меѓународен центар за обука на банкарски менаџери. Деветте години поминати на таа позиција не само што уште повеќе ме изградија како менаџер, туку воедно ми помогнаа и да ја откријам мојата животна мисија – моето знаење да го пренесувам на други, и со тоа да придонесам кон нивниот личен и професионален развој.

 

Кога во 2015-та година со Тијана одлучивме да го основаме Болд консалтинг, бевме водени од истата мисла – нашето богато професионално искуство да го споделиме со други претприемачи, и да им помогнеме своите компании да ги трансформираат од добри во одлични. Тоа беше храбар, но благороден чекор. Им благодарам на сите клиенти и соработници кои ни помогнаа, и сѐ уште ни помагаат, во остварувањето на нашата мисија.

 

Денес, зад мене се 22 години исполнети со предизвици, успеси и научени лекции. Сите тие ме формираа во искусен менаџер, корпоративен обучувач и експерт за човечки ресурси, но секојдневно продолжувам да се надоградувам, затоа што длабоко верувам во моќта на знаењето.