УСЛУГИ

Organizational design

Оптимизација на организациската структура и деловните процеси

Вршиме објективна и стручна ревизија на постоечката организациска структура и работни процеси во компанијата, со цел идентификација на евентуални организациски слабости. Врз основа на наодите од спроведената ревизија, нудиме дизајнирање на предлог-решенија и мерки за отстранување на детектираните слабости и оптимизација на организациската структура и деловните процеси во компанијата. Како посебна услуга, изработуваме политики и процедури кои соодветствуваат на воспоставената организациска структура и деловни процеси.

Корпоративна безбедност и сигурност

Вршиме оптимизација на корпоративниот систем за безбедност и сигурност на објекти, опрема, стока, лица и информации, и дизајнираме соодветни практични алатки за самостојно управување со системот и негово одржување. Крајната цел на овие активности е воспоставување на корпоративен безбедносен систем кој е целосно заштитен од надворешни и внатрешни закани. Воедно, на нашите клиенти им обезбедуваме целосна поддршка при имплементација на критериумите на безбедносните стандарди TAPA FSRTAPA TSR, и Овластен економски оператор (ОЕОФ), како и воспоставување на стандарди за безбедност и сигурност потребни за стекнување со акцизна дозвола.

Corporate security
Human resources

Управување со човечкиот капитал

Креираме и имплементираме успешен и одржлив систем за управување со човечкиот капитал, прилагоден на потребите на клиентот, кој за крајна цел има остварување на зацртаните деловни цели. Дел од нашите услуги во оваа област се: планирање на човечкиот капитал, регрутација и селекција, проценка на вработените и управување со нивните перформанси и потенцијали, обука и професионално усовршување, изработка на систем за надоместоци и бенефиции и систем за дисциплински мерки, градење на тимови, проценка на работната атмосфера и задоволството од работата, изработка на општи и поединечни акти од областа на управувањето со човечките ресурси, пресметка на плати, и др.

Управување со проекти

Вршиме стручно и ефикасно планирање, организирање, управување, и контрола на реализацијата на Вашите деловни проекти во било која област од работењето на компанијата. Во зависност од потребите на клиентот, можеме да пружиме поддршка при планирањето на трошоците на проектот, избор на најоптимален модел на финансирање, избор на соодветни добавувачи, координација и надзор над добавувачите за време на изведбата на проектот, проценка на квалитетот на изведбата, и сл.

Project management
Training

Специјализирани обуки

Дизајнираме, организираме и одржуваме квалитетни и применливи професионални обуки од повеќе корпоративни области:

  • Корпоративен систем за безбедност и сигурност на објекти, опрема, стока, лица и информации;
  • Менаџерски вештини за вработени од нивото на среден менаџмент;
  • Ефективна и ефикасна наплата на побарувања од купувачи;
  • Обуки за личен и професионален развој на Вашите вработени: ефективна комуникација, презентациски вештини, индивидуална организација на работата (приоритизирање на задачите и ефективно користење на работното време), управување со конфликти, работа во тим, решавање на проблеми, и др. 

Во договор со клиентот, можеме да дизајнираме обуки и на други теми, согласно индивидуалните потреби на вработените и компанијата. Воедно, сите обуки можат да бидат организирани како индивидуални или групни.