Политика за приватност

Кои сме ние?

Нашата веб адреса е: https://boldc.mk.

 

Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате веб–страната на Болд консалтинг ДОО Скопје.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Болд консалтинг ДОО Скопје, со седиште на ул. Скупи 3а бр. 19/3, Скопје, Република Северна Македонија.  Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

 

Податоци кои подлежат на собирање

Податоци на посетители на страната www.boldc.mk – податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на веб-страната. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата Политика за колачиња.

 

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци за навигација

При посетата на интернет страната, за секој посетител серверот креира логови со следниве податоци:

  • IP адреса;
  • Вид и модел на уредот од кој пристапувате;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот – plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна, и, во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Болд консалтинг;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава од која пристапувате (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад. Серверот го одржува Hetzner, Германија. Сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб-страна.

 

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна се оние кои Вие доброволно ги доставувате за остварување на директен контакт со нас (пример: име и email адреса во контакт формата). 

 

Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ја и формата за контактирање;
  • преку нашиот email: contact@boldc.mk

Категории на корисници на личните податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна на трети лица, освен во следните случаи:

  • Во случај на ангажирање на даватели на услуги, ако Болд консалтинг ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на Болд консалтинг и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Болд консалтинг.

 

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

 

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци: Викторија Митреска, vm@boldc.mk.

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите на Болд консалтинг и промените во законската регулатива која ја третира заштитата на личните податоци.

 

Фотографиите прикачени на официјалната веб-страница на Болд консалтинг се или во сопственост на Болд консалтинг, или се лиценцирани според Standard license на Shutterstock.com. Забрането е секакво преземање и користење на фотографиите без писмена согласност од Болд консалтинг ДОО Скопје.

 

Политика за колачиња (cookies)

Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. 

 

Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња (cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. 

 

Колачињата (cookies) се користат за повеќе цели, како на пример, за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

 

Зошто користиме колачиња (cookies)?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

 

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.

Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување (како на пример IP адресата), која содржина од веб страницата на Болд консалтинг сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени. Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.

 

Каков вид на колачиња (cookies) користиме?

Користиме постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.

 

Можете ли да ги избришете или контролирате колачињата (cookies)?

Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку сакате овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.

 

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.