НАШАТА ПРИКАЗНА

Приказната на Болд консалтинг започна во 2015 година, кога, како професионалци со долгогодишно менаџерско искуство во странски компании од различни сектори, се здруживме околу желбата да го споделиме нашето знаење и искуство со други компании, и со тоа да им помогнеме да направат значајни, позитивни и долгорочни промени во своето работење.

 

Оттогаш наваму, благодарение на внимателното следење на потребите на клиентите, како и нашата непресушна желба за постојано усовршување, нашето портфолио на консултантски услуги континуирано се збогатуваше, како што растеше и бројот на задоволни клиенти и успешно реализирани проекти.

 

Денес Болд консалтинг претставува реномирана консултантска компанија, препознатлива по врвната експертиза во своите области на делување, исклучителниот квалитет на своите услуги, и индивидуалниот пристап кон секој клиент.

НАШИОТ ТИМ

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Фокус на клиентот

Посветени сме на градење на долгорочни, партнерски односи со секој клиент.

Квалитет

Поставуваме високи стандарди за нашата работа. Тоа што го работиме, го работиме одлично.

Одговорност

Се чувствуваме лично одговорни за нашата работа, и целосно стоиме зад сработеното.

Интегритет

Во сите наши релации сме чесни, професионални, и доследни, и кон секого се однесуваме со почит.

НАШАТА МИСИЈА

Да им помогнеме на нашите клиенти да остварат позитивни, значајни и долгорочни промени во своето работење.

НАШАТА ВИЗИЈА

Да изградиме препознатлив бренд, симбол за врвен квалитет во консултантската професија.

Vision

ДЕЛ ОД НАШИТЕ КЛИЕНТИ