Tijana Stefanovic

Тијана Стефановиќ

До основањето на Болд консалтинг, мојата кариера се развиваше во рамки на меѓународна банкарска групација присутна на српскиот финансиски пазар. Десетте години поминати на различни позиции во групацијата не само што ме изградија во професионалец со широки познавања од банкарската индустрија, туку и ми овозможија да ја откријам мојата движечка сила – желбата да им помагам на другите – клиентите, колегите и компанијата во целина. Кога во 2014-та година му се придружив на тимот кој раководеше со меѓународен центар за обука на банкарски менаџери, кај себе открив уште една пасија – да им помогнам на вработените да работат на сопствениот развој, со цел максимално да ги искористат своите потенцијали, но и да ѝ помогнам на компанијата ефективно да управува со својот највреден ресурс, човечкиот капитал. Бидејќи длабоко верувам во идејата дека успешна компанија е само онаа во која работат среќни и задоволни работници, веќе 8 години активно работам на создавање на продуктивна и конструктивна работна средина кај секој од нашите клиенти.

 

Следејќи ги потребите на нашите клиенти, а особено оние кои произлегуваат од растечките закани по безбедноста и сигурноста на компаниите, ја проширив својата експертиза и во оваа сфера. Денес сум овластен интерен ревизор на меѓународната асоцијација Transported Asset Protection Association (TAPA) за безбедност на стока во магацин (FSR) и безбедност на стока во транспорт (TSR), како и прв претседател на Регионалната асоцијација на иматели на одобрение за Овластен Економски Оператор (ОЕО) во CEFTA.

Во работата ми е исклучително важно да воспоставам и одржам фер, професионален и транспарентен однос со сите клиенти и соработници, а успешното решавање на проблемите на нашите клиенти го доживувам како предизвик, но и како најголема награда.